Три милијадри евра доби Турција од Европската комисија за борба со миграциската криза

од Vladimir Zorba

Европската комисија денеска и одобри три милијарди евра на Турција за борба со миграциската криза, се наведува во соопштението на ЕК.

turcija-682x341

Средствата ќе и бидат доделени на Турција од 1 јануари 2016 година, се посочува во соопштението.

– Во борбата со миграциската криза апсолутно очигледно е дека Европската унија и Турција треба да ја интензивираат билатералната соработка. Ние треба да работиме заедно на реализација на планот за дејствување, кој ќе воведе ред во миграциските бранови и ќе помогне за запирање на илегалната миграција, изјави заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс.

Планот предвидува Турција да биде финансирана од ЕУ за бегалските кампови на нејзина територија, како и да се забрзаат преговорите за укинување на визите за турските граѓани. Турција инсистира со планот да бидат продлабочени преговорите за членство во ЕУ.

Слични содржини