Три минути ужас: Забележана пукнатина на „возот на смртта“ додека на него се возеле луѓе (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

„Возот на смртта“ во забавниот парк во Шарлот, Северна Каролина, веднаш беше затворен во петокот, откако посетителите забележале голема пукнатина во еден од столбовите на структурата – додека возењето сè уште траело.

Посетителот Џереми Вагнер, кој во петокот бил во посета на паркот со својата ќерка, син и внука, го снимил ужасното видео додека траело возењето. На снимката се гледа како столбот накратко се одвојува на пукнатината додека возот забрзано се спушта по пругата.

„Се обидував да снимам видео и рацете ми се тресеа бидејќи знаев дека ова може да заврши катастрофално!“, рече Вагнер.

Инаку, т.н Fury 325, познатиот „воз на смртта“ е една од главните атракции на овој парк. Се издига дури 90 метри и е еден од највисоките во светот. Возењето трае приближно три минути, а возот се движи со брзина од 150 километри на час.

Слични содржини