Три млади лица повредени во сообраќајна несреќа кај Куманово

од Илинка Илиоска
29 прегледи

Три лица се повредени во сообраќајна незгода која рано утрово се случила во околината на Куманово.

– Денеска (22.08.2024) околу 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат кој води за с.Пчиња, во близина на место викано „Менкова колиба“, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(21) од Куманово, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Л.С.(23), додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.Е.(20) од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово – се наведува во билтенот на МВР.

Слични содржини