Tри невообичаени симптоми кои се јавуваат по сексот

од desk4
96 прегледи

339327-ovenot-so-seks-slabee-lavot-go-tupi-a-rakot-ne-priznava-seks-bez-emocii

1. Сетилото за мирис е изострено

Откако ќе се достигне ‘врвот’, телото испушта хормон пролактин, која предизвикува развој на нови неврони кај сетилото за мирис од страна на матичните клетки.
Студија, која беше објавена во списанието Биолошка психологија, го анализирала нивото на пролактин кај мажите и жените по мастурбација или секс, а резултатите покажале дека нивото на пролактин се зголемува после секс за неверојатни 400 отсто во споредба со мастурбацијата.

2. Меланхолија после секс

download
После сексот се јавува чувство на еуфорија, опуштеност, дури и поспаност, но некои жени имаат “postsex blues” синдром, открива истражувањето објавено во научното списание “Сексуална Медицина”. Научниците ова чувство го опишуваат како меланхолија, депресија, анксиозност или агресија после секс.
Истражувачите побарале 230 ученички да направат анкета, која покажала дека дури 46 отсто од жените барем еднаш во животот ги почувствувале симптомите на пост-секс меланхолијата.

3. Амнезија
The Journal of Emergency Medicine открива сведочење на една жена, која се појавила во Универзитетската болница во Џорџтаун, жалејќи се дека не може да се сети на деталите кои се случиле во еден час претходно, откривајќи дека амнезијата и се јавила веднаш по сексот со нејзиниот сопруг.
Таа доживеала минлива глобална амнезија, ретка состојба во која меморијата одеднаш, за кратко време целосно се губи. Оваа состојба е многу ретко и само афектира три до пет лица на 100.000 годишно.