Три причини зошто ЕУ треба да ја купи руската вакцина Спутник V

од Nikola Popovski
321 прегледи

Европската унија треба да ја купи руската вакцина против коронавирус Спутник V, чија ефикасност е потврдена, пишува германскиот весник „Ханделсблат“, додавајќи дека постојат три причини за тоа.

Авторот на статијата, Матијас Брухман, наведува дека, пред сè, купувањето на руската вакцина ќе ја ублажи напнатоста во односите меѓу Русија и Европската унија. Второ, многу луѓе кои повеќе му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин отколку на европските политичари сакаат да се вакцинираат со Спутник V, што би го забрзало формирањето на потребниот колективен имунитет, додава новинарот.

„Од научна гледна точка, Русија е способна да постигне голем успех во медицината, што е докажано уште од времето на Советскиот Сојуз. Благодарение на вакцината против детска парализа, Источна Германија успеа да ja искорени болеста порано од Западна Германија“, потсетува германскиот новинар.

Третата причина зошто ЕУ треба да ја купи руската вакцина, според Брухман, е фактот дека главната работа во борбата против пандемијата е да се користи сè што помага.

Тој потсетува дека Спутник V сака да го купат премиерите на одредени германски сојузни држави, како и претставници на федералната влада. Доколку ЕУ го блокира купувањето на руската вакцина, со набавките треба да се раководи директно Берлин, смета Брухман.

„Едноставно, тогаш го забележавме. Исто така е правилно да се направи тоа што е можно поскоро. На крајот на краиштата, како и во случајот со западните вакцини, се прават договори пред Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја регистрира вакцината. ЕМА сега ja проверува Спутник V, а Унгарија и Словачка веќе ја користат вакцината по регистрацијата на национално ниво“, заклучува новинарот.

Во исто време, еврокомесарот за внатрешен пазар Тери Бретон изјави дека на Европа нема да ` треба руската вакцина, затоа што во ЕУ се одобрени уште четири други вакцини против короната, што ќе биде доволно да се создаде колективен имунитет.

Слични содржини