Три ракети лансирани од сириска територија кон Израел

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Три ракети беа лансирани од Сирија кон израелска територија, објави израелската армија.

Две ракети паднале на отворено подрачје на југ од Голанската висорамнина, додека другата паднала на територијата на Сирија. Нема повредени.

Од Газа беа истрелани околу 2.000 ракети, три беа лансирани во четвртокот од Либан кон северен Израел, но тие слетаа во Средоземното море. Тие исто така не предизвикаа штета или жртви, соопшти израелската војска.