Салатата со варени јајца е одличен начин да ги искористите јајцата од Велигден, па ако ви здодеала салата „Мимоза“, ви носиме уште три рецепти кои се вкусни, едноставни и спремни за сервирање веќе за ручек.
Небеска салата според Џен
Киселата нота на сенф, свежината на лимонот и освежителната пикантност ја прават небеската салата на Џен рецепт што мора да се проба! Овој рецепт е најдобар со пченичен леб и авокадо, но може да се јаде и самостојно.
Состојки:
– 6 јајца
– ¼ шолја мајонез
– ¼ шолја сечкан млад кромид
– Сок од половина лимон
– 1 лажичка сенф
– ½ лажичка подготвен жолт сенф
– Сол и свежо мелен црн пипер по вкус
Подготовка:
Веќе имате тврдо варени јајца, =оние што се искршени исечкајте ги.
Во голем сад, измешајте мајонез, млад кромид, сок од лимон, сенф и жолт сенф додека не добиете изедначена смеса.
Исечкајте ги јајцата на поголеми парчиња и додајте ги во садот со преливот. Внимателно мешајте додека сè не се соедини. Зачинете по вкус со сол и црн пипер.
Салата од јајца без мајонез
За разлика од другите, оваа салата има јајца, без додавање повеќе јајца во мајонезот.
Состојки:
– 1 лажица обичен јогурт
– 2 лажички таан
– 3 лажички сув зачин (по можност пикантен)
– Сол и свежо мелен црн пипер по вкус
– 1 лажица сечкана кисела краставичка (по желба)
– 4 тврдо варени јајца, излупени и грубо исечкани
Подготовка:
Во сад измешајте јогурт, таан, зачини, сол и бибер, па додајте киселата краставичка.
Внимателно измешајте ги јајцата во смесата од таан.
Најдобрата салата од јајца
Ако сакате да ја направите својата најдобра салата од јајца, пробајте го овој рецепт. Ја крева класичната салата на повисоко ниво – додавањето сланина и чедар е совршено за сендвичи, зелени ролнички или како ужина.
Состојки:
– 2 лажици мајонез
– 1/2 лажица јаболков оцет
– 1/2 лажица сув зачин
– 1 лажичка жолт сенф
– 1 лажичка кисели крацавички, исечкани
– 1/2 лажичка Востершир сос
– 3 големи тврдо варени јајца, излупени и грубо исечкани
– 1/4 чаша рендан чедар
– 2 парчиња крцкава сланина, издробена
– 2 лажици сечкан целер
Подготовка:
Во мал сад измешајте мајонез, оцет, зачини, сенф, кисели краставички и Востершир сос, па оставете настрана.
Додајте ги тврдо варените јајца, чедарот, сланината и целерот. Внимателно измешајте.
Чувајте во херметички затворен сад во фрижидер.