Три рецепти за најздравиот оброк

436 прегледи

Најверојатно до сега сте слушнале колку е здрава овесната каша. Меѓутоа кога станува збор за инстант овесната каша, оваа теза не е точна.

За вашата каша да биде здрава таа треба да е добро приготвена. Имено, неоходно е четири лажици овесни снегулги (без додатоци) да ги варите во 3 дл вода. Кога ќе започне да врие, тргнете ја од оган, за кашата да не ги изгуби хранливите состојки.

Бидејќи кашата е со неутрален вкус, можете да додадете состојки по желба и така да го напрвите најздравиот оброк.

Рецепт број 1: Солена овесна каша

Во овесната каша додадете 1 лажичка мелено ленено семе, 1 лажица семки од сончоглед, малку сирење и малку маслиново масло. Сето тоа измешајте го и изедете го со шолја јогурт или кефир

Оваа каша ќе го поттикне работењето на цревата и ќе го забрза процесот на согорување на мастите.

Рецепт број 2: Слатка овесна каша

Во овесната каша додадете малку млеко, 1 лажица мед, половина банана, малку цимет, малку свежи јаболка, малку ореви, бадеми и рогач во прав.

Овој сладок доручек на вашето тело ќе му даде енергија, а и ќе ве засити до ручекот.

Рецеот број 3: Колач

Во овесната каша додадете 100 гр чоколадо, сецкани ореви и свежи малини. Оваа каша е иделен десерт бидејќи е здрава и вкусна.

Слични содржини