Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Владимир Путин, утрово реагираше на веста дека Финска и Шведска се приближуваат кон барањето за членство во НАТО.

Медведев напиша на Телеграм:

Во контекст на прокси војната (Русија тврди дека војната во Украина е всушност „војна преку посредници“ која ја води НАТО со Русија) што западните земји ја започнаа со Русија, сакам уште еднаш многу јасно да ги артикулирам работите што се веќе толку очигледни на сите разумни луѓе.

1. Пумпањето оружје на Украина од страна на земјите на НАТО, обуката на нејзините војници да користат западна опрема, испраќањето платеници и изведувањето вежби од страна на сојузничките земји во близина на нашите граници ја зголемуваат веројатноста за директен и отворен конфликт меѓу НАТО и Русија.

2. Таквиот конфликт секогаш има ризик да се претвори во полноправна нуклеарна војна.

3. Ова ќе биде катастрофално сценарио за сите.

На крајот порача Западот „да не се лаже себеси и другите“ и „да не се задушува со сопствената плунка во пароксизмите на русофобијата!“.

 

Слични содржини