„ТРИ ЗЕМЈИ стојат зад рушењето на Асад“ Иран се огласи за прв пат по промената на власта во Сирија

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Иран има докази дека соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад е резултат на планот на Соединетите Американски Држави, Израел и „една од соседните земји на Сирија“, изјави иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Исламистичката организација Хајат Тахрир ал-Шам објави дека подготвува список на функционери од владата на Асад кои се одговорни за тортурата за време на неговото владеење, пренесе Би-Би-Си.

Бунтовниците против владеењето на Асад, предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам, ги зазедоа големите градови во Сирија, вклучувајќи го и главниот град Дамаск, по што прогласија победа.

Захарова: Западот ја задуши државата со санкции – за какви права сега зборуваат?

Состојбата во Сирија е драматична, соопшти официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Најважно е оваа ситуација да не премине од драматична во целосно трагична – изјави Захарова за Спутник.

Таа додаде дека безбедноста на руските граѓани во Сирија е апсолутен приоритет за Русија.

– Во моментов најважен приоритет ни е безбедноста на нашите граѓани: експерти, воени лица, дипломати, новинари. Се прави се за да се обезбеди нивната безбедност. Руската Федерација е во контакт со претставници на различни сили на теренот. Има што да се каже, но главниот приоритет мора да биде поврзан со безбедноста на граѓаните, ниту изјавите, ниту оценките да го разгорат тој оган, да не станат поттик за разгорување на страстите – истакна Захарова.

Истовремено, таа потсети дека Западот долги години воведувал санкции кон Сирија, кои ја „гушеле“ таа земја.

– За какви вредности и човекови права може да зборува Западот сега, ако Западот долги години воведува санкции против сирискиот народ што ја „гуши“ Сирија? Меѓу другото, за време на пандемијата. Сега западните земји сакаат да кажат нешто за човековите права? Немаат право на тоа – заклучи таа.

Новиот Устав на Сирија ќе биде подготвен за шест месеци

Весникот „Хуриет“ пишува дека новиот Устав на Сирија ќе биде подготвен во рок од шест месеци, по што ќе биде даден на референдум.

Се нагласува дека ќе се формираат нови политички партии согласно Уставот.

– Тогаш ќе се одржат избори под надзор на ОН. Администрацијата ќе биде предадена на партијата што ќе победи на изборите. Целиот процес на транзиција ќе биде завршен за 18 месеци. После тоа, партиите избрани од Сиријците ќе управуваат со земјата – пишува весникот.

Слични содржини