337
Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез прогласи тридневна жалост по смртта на легендарниот фудбалер Диего Марадона. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Диего Марадона (60) почина во средата од срцев удар, објавија аргентинските медиуми.
Според „Кларин“, Марадона претрпел кардиореспираторен арест во неговата куќа каде што се опоравувал по неодамнешната операција на мозокот, со која му е отстранет тромб.
Брзо му е пружена помош, но неговиот секретар за печат ја потврдил смртта.
„Не можам да верувам, уништен сум“, рече аргентинскиот претседател. „Никогаш нема да можеме да му платиме за тоа колку радост ни донесе“, додаде тој.