Слави Трифонов го цитираше американскиот писател Марк Твен за да соопшти дека „гласините за неговата смрт се претерани“.
„По повод некои ѓубриња што пишувале на Интернет, сакам да го цитирам Марк Твен: „Гласините за мојата смрт се силно претерани“, сподели Слави на својот профил.
Претходно денес беше објавено дека водачот на „Има таков народ“ е во медицинскиот комплекс „Софијамед“. Трифонов е подложен на контролни профилактички прегледи и тестови во врска со инфекцијата со коронавирус, на која беше подложен во април, прецизираа од медицинската установа.
Трифонов не беше хоспитализиран.