Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов соопшти дека имал средба со лидерите на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков и Асен Василев, на која им ветил поддршка за формирање нова бугарска Влада.
-Како што кажав, ќе направам се што е можно и се што зависи од мене да формирам влада што поскоро со првиот мандат. Затоа денеска ја прифатив поканата за средба упатена од победниците на изборите – „Продолжуваме со промената“. Се сретнав со Кирил Петков и Асен Василев и ја изразив мојата целосна поддршка за формирање влада со нивниот мандат. Им кажав директно дека ќе направам се што е можно, се разбира – се што зависи од мене и од „Има таков народ“ за да се реализира владата, да работи парламентот и да се смири народот, напиша Трифонов на Фејсбук.