Трифун Костовски и „Човекот пред сè”: Поддршка на Специјалното Јавно Обвинителство

од desk3
112 прегледи

trifun-kostovski1

Процесот на демократизација на Република Македонија е долг и макотрпен. Вашата институција, со видна поддршка од граѓанскиот сектор, е единствената која работи на деконтаминација на заробениот политички систем. За целосното реформирање на нашиот систем, како што е наложено во извештајот на Прибе, потребно е системот да се исчисти од играчите кои го изневериле системот и граѓаните.

Потенцираме дека, работата на СЈО не е залудна и истата е исклучително ценета од страна на граѓаните на Репубика Македонија. Режимски судии, пристрасни судии, инсталирани од оваа власт, не смеат да одлучуваат за вакви случаеви.

Трифун Костовски

Здружение на граѓани „Човекот пред сè”