Трифун Костовски: Засега немам политички амбиции, туку сакам да бидам коректор и на власта и опозицијата

од desk4
80 прегледи

Бизнисменот и поранешен градоначалник Трифун Костовски преку движењето „Човекот пред се“ ќе биде коректив и на власта и на опозицијата. Ова го најави вечерва при отворањето на младинскиот клиб во неговото здружение. Не ја исклучува можноста движењето да прерасне во политичка партија но вели тоа многу ќе зависи и од останатите партии, јавува телевизија Телма.

download (38)

– Образование, здравство и иднината на младите ќе бидат трите области на кои ќе се фокусира движењето „Човекот пред се“, вели Костовски за Телма.

Тој прати порака до  политичките пратии да не ги употребуваат луѓето само во предизборни капмпањи без да си ги исполнат ветувањата.

Младинскиот клуб кој го отвори вели дека ќе работи за да најде решение како да се задржат младите во земјава.