Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ , музичар и шоумен Слави Трифонов, го критикуваше македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој денес рече дека „Суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба бидат ставени во Устав, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов.
„Ме исфрустрираа овие луѓе. Не можам да кажам дали се лутам или едноставно сум разочаран. Овој Мицкоски е избран демократски. Одлично се сеќавам како за време на изборите целата негова предизборна кампања беше базирана на омраза кон нас, Бугарите. Тие затоа го избраа. И сега тој зборува така заради нив, заради тие што го избрале. Бугарија прва ги призна како држава, иако целата наша историја, иако целата измислица што ја претставуваат, и сите глупости што зборуваат против нас со години, и уште, и уште, и уште. Нема грам благодарност, грам почит, грам логика. Ништо нема. Само омраза и самозалажување. Но, таму има луѓе што се чувствуваат Бугари. Луѓе што се Бугари! А Бугарија е насекаде, каде што живее и еден Бугарин. А таму ги има многу повеќе од еден. Многу, многу, многу повеќе. За нив треба да се грижиме, нив треба да ги мислиме и заради нив треба да ни биде грижа. А тој Мицкоски, тие што го избраа и тие што се радуваат на тоа што тој зборува, колку што зависи од мене, сите тие, на чело со Мицкоски, ќе ја видат Европската унија низ искривени макарони, напиша Трифунов на својот Фејсбук профил.