Трифуновиќ потврди, ПСГ одат на избори

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Претседателот на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Сергеј Трифуновиќ, денеска објави дека ќе учествуваат на претстојните избори.


Тој пред новинарите во седиштето на ПСГ рече дека е свесен дека изборните услови не се променети на подобро, но додаде дека „ништо не може да се случи со бојкот“.

„Оној кој повикува на граѓанска непослушност не може да ја изврши таа непослушност“, рече Трифуновиќ, цитиран од Б92.