Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците.
Пакетот Мој миленик е наменет за сопствениците, чии кучиња се чипирани и вклучува лекување на миленикот, со покритие до 6 000 денари, како и осигурување во случај на смрт од болест и од незгода, со покритие до 30 000 денари. Пакетот дополнително го вклучува и MyKi уредот за следење на милениците, со чија помош, клиентите, преку своите мобилни уреди, во секое време имаат увид каде се наоѓаат нивните миленици. Апликацијата и уредот нудат можност за одредување на безбедна зона на движење на кучето и сигнализирање во случај кога кучето ќе ја напушти таа зона. MyKi уредот овозможува и праќање команди, што секако го олеснува процесот на дресирање на миленикот. MyKi Pet услугата ја обезбедува А1.
„Наш приоритет е да бидеме вистински партнер на нашите клиенти и да ги заштитиме најважните аспекти од нивниот живот. Триглав нуди голем избор на осигурителни производи, коишто се развиваат и дополнуваат согласно потребите на клиентите. Домашните миленици се дел од семејството, го збогатуваат нашиот живот и секако сакаме да ги заштитиме. Промотивниот пакет Мој миленик е една токму таква алатка, којашто го штити миленикот, и, покрај осигурувањето, обезбедува и уред за следење на милениците, како дополнителен бенефит за клиентите сопственици на миленици. Услугата MyKi Pet ја обезбедуваме благодарение на соработката со нашиот партнер А1, со кој што најдовме заедничка цел во фокусот на клиентите, којшто подразбира задоволување на нивните потреби и поквалитетен живот”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор г-дин Ѓорѓе Војновиќ.
Повеќе инфо на: https://www.triglav.mk/mk/moj-milenik