275
Доколку не можете да подготвите компири за кората да им биде совршено испечена, овој трик ќе ви помогне.
Веројатно прво помислувате дека проблемот може да е во рерната или дека не сте ги испекле доволно. Британските готвачи сега ја открија тајната за квалитетен печен компир.
Откако ќе ги излупите и исечете компирите, ставете ги да се варат. По околу 15 минути, додадете една лажица оцет во тенџерето. Оставете да се варат уште 15 минути.
Потоа процедете ги, почекајте да се изладат, па префрлете ги во тепсија.
Додадете малку масло, мелено лукче и зачини по желба. Печете на 180 степени додека не поруменат.