Иако мислевме дека веќе ја откривме вистинската намена на пластичната маса за пица, се испостави дека таа има уште една генијална намена.
Секогаш е одлично кога ќе се појави нешто што ни го олеснува животот, па многумина го прифатија новиот вирален трик за сечење пица од социјалните мрежи.
На Инстаграм прв го објави Роваим Фаруки, кому, како што вели, трикот му го кажал вработен од пицеријата Доминос, а во своето видео покажа како без нож одвојува совршени парчиња пица; само со малото бело парче пластика што многу пицерии го испраќаат во кутиите за пица.
Пластичната „алатка“ за пици и колачи ја измислила њујорчанката Кармела Витале во осумдесетите, а изгледа како маса со три ногарки и се користи за да не се залепи капакот на кутијата за лутиот сос и кашкавалот. Обично се става во средината на пицата, но според Фаруки, парчето пластика не служи само како заштита од залепување, туку може да се користи и како инстант „секач“.
Демонстрирајќи како ја користи, во своето видео Фаруки ги користи „нозете“ на масата за да ја држи пицата на место, додека со раката ја дели пицата парче по парче. Неговото видео собра речиси 800.000 прегледи и брзо беше преплавено со коментари од љубителите на пица.