Трик за совршено крцкав похован модар патлиџан

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Состојки:

– 450 гр модар патлиџан

– 250 гр презла

– 70 гр брашно

– 30 гр рендан пармезан

– 3 лажици маслиново масло

– 2 јајца

– 1 лажица мешавина од медитерански зачини

– сол и бибер, по желба

Подготовка:

Модрите патлиџани исечете ги на кришки дебели околу еден сантиметар. Добро посолете ги и ставете ги во чиста памучна крпа околу половина час. Солта треба да го извлече вишокот вода од модриот патлиџан.

Загрејте ја рерната на 220 степени и во неа ставете плиток плех.

Во еден сад изматете ги јајцата, во друг ставете брашно, а во третиот презла измешана со медитерански зачини, малку бибер и рендан пармезан.

Вишокот вода од солените парчиња модар патлиџан исцедете го со памучна крпа.

Вака подготвените кришки од модар патлиџан валкајте ги во брашно, јајца, а потоа во смесата со презла. Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.

Внимателно извадете го врелиот плех од рерната и рамномерно прелијте го со три лажици масло.

Парираните модри патлиџани ставете ги во еден слој на подмачканиот плех и вратете ги во рерна.

Печете околу 20 минути додека долниот слој од модриот патлиџан не добие крцкава кафеава кора. Превртете го модриот патлиџан и печете го уште 10 до 20 минути.

Послужете со сос по желба.

Слични содржини