Трикови за Google Drive кои ќе ви го олеснат животот

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Google Drive е полн со функции што го олеснуваат организирањето, споделувањето и пристапот до вашите датотеки.

Сепак, некои од неговите најдобри алатки често остануваат незабележани.
Еве неколку совети, трикови и препораки како да ги искористите максимално:

1) Означете важни датотеки и папки со ѕвезда

Ако треба почесто да пристапувате до одредени датотеки или папки, можете да ги означите со ѕвезда за брз пристап.

Кликнете со десното копче на датотеката или папката и изберете Organize, па потоа Add to Starred. Откако ќе се означат, тие ставки ќе се појават во делот Starred на левата странична лента.

2) Користете напредно пребарување

Опцијата Advanced search се наоѓа веднаш до полето за пребарување. Со него, можете да ги филтрирате резултатите по тип на датотека, сопственик, локација или датум на измена.

Google Drive поддржува и Boolean оператори, така што можете да користите команди како: from:, type:, AND, OR, owner:, before:, title: и други.

На пример, ако напишете type:pdf owner:me before:2023, ќе можете да ги најдете сите PDF-датотеки што сте ги создале пред 2023 година.

3) Поставете офлајн пристап до вашите датотеки

Ако немате секогаш пристап до Интернет, поставувањето офлајн пристап до датотеките на Google Drive може да биде спас. Ова овозможува прегледување и уредување на документи, табели и презентации без интернет конекција.

Сите промени што ги правите автоматски се синхронизираат кога повторно ќе се поврзете на мрежата. Отворете ги поставките на Google Drive и штиклирајте го полето во делот Offline. Ова ќе ги направи вашите неодамнешни датотеки, табели и слајдови достапни офлајн.

Можете исто така да направите достапни постари датотеки со кликнување на иконата со три точки до неа и избирање Make available offline.

4) Save to Google Drive

Ако често преземате датотеки само за повторно да ги поставите на Google Drive, екстензијата на веб-прелистувачот Save to Google Drive ќе ви помогне. Оваа едноставна алатка ви овозможува да зачувате документи, слики, видеа и цели веб-страници директно на вашиот Google Drive.

Кога ќе наидете на датотека или веб-страница што сакате да ја зачувате, се што треба да направите е да кликнете со десното копче и изберете Save to Google Drive…

5) Пристапете до Google Drive преку File Explorer

Со додавање на Google Drive во Windows File Explorer, можете да пристапите и да пренесувате датотеки директно од вашата работна површина. Ако претпочитате офлајн пристап, можете да ја овозможите опцијата Mirror files. Ова ќе ги зачува датотеките од Google Drive на вашиот компјутер.

6) Користете кратенки на тастатурата

Иако можеби веќе користите вообичаени кратенки како Ctrl + A за да ги изберете сите или Ctrl + Z за да ги вратите, има повеќе. На пример, со притискање на копчето / (коса црта) одите директно до лентата за пребарување, а Alt + N отвора ново мени.

Можете да притиснете Ctrl + / за да ги прикажете сите кратенки на тастатурата што ги поддржува Google Drive.

7) Споделете датотеки на Google Drive со сметки што не се Gmail

Кликнете со десното копче на датотеката или папката што сакате да ја споделите и изберете Share, потоа Share повторно.

Во следното мени, сменете го пристапот од Restricted во Anyone with the link. Конечно, кликнете на копчето Copy link. Можете да ја испратите таа врска до секого.

8) Блокирајте спамери

Најдете ја датотеката споделена од корисникот што сакате да го блокирате. Кликнете со десното копче на датотеката и изберете Report or block, а потоа Block [е-пошта/корисничко име].

Блокирањето на некого не само што го спречува да споделува нешто со вас во иднина, туку и ги отстранува сите датотеки што веќе ги споделил со вас, велат од Make Use Of.

Слични содржини