Тринаесет жени го обвинија Депардје за сексуално вознемирување, актерот негира дека е виновен

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Тринаесет жени за францускиот портал „Медиапарт“ изјавија дека биле жртви на сексуално вознемирување од страна на актерот Жерар Депардје на филмските сетови во последните дваесет години.

Жените тврдат дека актерот ги допирал несоодветно и давал непристојни коментари во повеќе наврати, додека адвокатот на Депардје вели дека неговиот клиент „формално ги негира сите обвиненија според кривичниот закон“.

Експертите и актерките кои во последните две децении се појавуваа со него во различни функции на филмските сетови, во интервју за „Медиапарт“, велат дека другите вработени на сетот знаеле за неговото однесување, но го толерирале, па дури и се смееле кога тие се жалеле.

„Возрасните му дозволија на актерот да ми ги допира градите пред сите“, рекла една актерка, која имала 17 години кога наводно се случил инцидентот.

Сепак, обвинителството во Париз сè уште нема добиено обвинение против Депардје.

Депардје, инаку, се уште е под истрага поради обвинението за силување и сексуална злоупотреба што против него го поднесено од актерката Шарлот Арну.

Во летото 2018 година, кога имала само 22 години, Арну отишла во полициската станица во градот Ламбески на југот на Франција, тврдејќи дека неколку дена претходно била силувана во два наврати во куќата на Депардје во Париз.

По низа тужби, истражен судија на крајот отвори случај против Депардје на 16 декември 2020 година за „силување и сексуален напад“, но го пушти на слобода.

На крајот на февруари, актерот за еден италијански весник изјави дека „нема од што да се плаши“.

„За мене истрагата е затворена, јас сум невин и немам од што да се плашам. Затоа отсекогаш сум бил многу смирен и свесен дека обвинувањата се неосновани. Сепак, подготвен сум и за овој случај со кој сега ќе се соочам без страв и сигурен во правдата. Нема докази, нема ништо против мене и затоа сум искрено смирен“, изјави Депардје за La Republica.

Слични содржини