Трипуновски: До вчера се откупени 1.400.000 килограми тутун по просечна цена од 374,30 денари

од Milan1
22 прегледи

„Денеска сум во посета на прилепскиот регион, во Тутунскиот комбинат, за да извршам увид во процесот на собирање на тутунот за реколтата 2024. Иако законскиот рок до 15 декември сè уште не е пристигнат, гледаме дека дел од производителите го предале своето производство“, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп.

Тој рече дека според податоците евидентирани во системот, до вчера се собрани 1.400.000 килограми тутун по просечна цена од 374,30 денари, додавајќи дека досега се исплатени околу 45 отсто од земјоделците.

Министерот додаде дека Инспекторатот за земјоделство будно го следи овој процес.

Слични содржини