Денешната прес-конференција на СДСМ очекував да биде со сет на мерки за ублажување на ценовниот шок на основните прехрамбени производи наместо повици кои реализацијата ќе биде крајот на 2023 година, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на пресот на Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Според Трипуновски, мерките нема да допринесат за подобрување на катастрофалната ситуација во земјоделството.
– Почитувани елитисти од СДСМ заради вашата неспособност, некадарност и бркање проценти од тендери денес нашите сограѓани јадат леб, масло, брашно поскапи за над 100%. Наместо да работите на стопирање на инфлацијата која од ден на ден вртоглаво расте, Вие си терате чист популизам и лична промоција!, истакнал Трипуновски.
Георгиевски денес соопшти дека за прв пат во историјата на политиките за рурален развој, во еден ден објавени се пет јавни повици за финансиска поддршка со различна намена, но со една цел, а тоа е да постигнеме модерно, одржливо и исплатливо домашно производство на храна.
Предвидениот буџет за сите овие мерки изнесува 500.000.000 денари.