Трипуновски: Тутунот се откупува за мизерни 65 – 80 денари, тутунарите се во чист зијан

од Vladimir Zorba
324 прегледи

„Огромни количини на тутун останаа не откупени. Откако им го земаа 80% од тутунот за цена од 120 до 160 денари за килограм. Власта сега е во нов поход и останатиот тутунот се откупува за мизерни 65 – 80 денари. Тие 65 денари не покриваат ништо. Тутунарите се во чист зијан“, вели денеска на прес-конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е причината за агонијата и мизерувањето на тутунарите во Република Македонија! Ова се документи за увезен ориентален тутун од Бугарија во Македонија. Заев и целата власт лажеа дека не се увезува тутун. Со овие документи се демантираат во целост.

Со дозволата да се увезува тутун во Македонија, во тек на откуп на домашното производство директно влијаеше на производната односно на продажната цена на тутунот. Власта свесно ги уништува тутунарите“, истакнува Трипуновски.

Слични содржини