Власта со новата програма за директни плаќања во земјоделството крати повеќе од 40 милиони евра , и во ек на криза земјоделците и оваа година ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат, изјави ЦВетан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со новата програма за директи плаќања во земјоделството власта предвидува само 58 милиони евра, односно од ветените 100 милиони евра директни субвенции нема ни трага ни глас“, тврди тој.