Тристан Томпсон очајно сака да ѝ се врати на Клои Кардашијан

од Elena Daskalova
252 прегледи

Кошаркарот Тристан Томпсон, кој беше во врска со Клои Кардашијан и е татко на нивната ќерка Тру, сака повторно да ѝ се врати на ријалити ѕвездата.

Томпсон ја изневери Клои двапати, од кои еднаш беше непосредно пред породувањето. Но, сега, тој постојано коментира на нејзините објави, ја прогонува преку социјалните мрежи, а дури и објави нејзина фотографија на Инстаграм и ѝ честиташе на успесите.

Се зборува и дека ѝ испратил голем букет цвеќиња на домашната адреса, а не штеди ниту комплименти за нејзиниот променет изглед и топ-формата која ја постигна во последните неколку години.

Слични содржини