Трите најголеми кинески банки престанаa да примаат плаќања од Русија

од Stefanija Kuzmanovska
372 прегледи

Три од четирите најголеми кинески банки, Индустриска и комерцијална банка на Кина (ИЦБЦ), Кинеската градежна банка (ЦЦБ) и Банката на Кина, престанаа да примаат плаќања од санкционирани руски кредитни институции.

Оваа одлука е донесена поради зголемената контрола на американските власти по воведувањето на 12-от пакет санкции против Русија, пишува „Москва тајмс“.

Кинеските банки почнале да ги одбиваат сите трансфери од санкционирани финансиски институции, без разлика кој систем на плаќање се користи, SVIFT, руски SPFS или кинески CIPS.

Ова стана голем проблем, бидејќи речиси 40 отсто од руските плаќања се насочени кон Кина и Турција.

Турските банки, исто така, ја заострија политиката кон руските клиенти до тој степен што руските извозници на нафта веќе некое време не добиваат пари од Турција за продадени барели.

На крајот на минатата недела, банките од ОАЕ почнаа да ги затвораат руските сметки, престанаа да примаат пари од Русија и не ги обработуваа плаќањата во спротивна насока поради стравувањата од секундарни американски санкции.

Слични содржини