Трите причини поради кои Амбер Херд бара да се поништи пресудата која ја доби Деп

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

Адвокатскиот тим на Амбер Херд поднесе документи оваа недела барајќи од судот да ја поништи одлуката дека актерката мора да му плати на Џони Деп 15 милиони долари отштета за клевета.

Нивните аргументи за укинување на пресудата се трикратни.

Тие веруваат дека тимот на Деп не обезбедил доволно докази за да потврди дека нејзината статија во „Вашингтон пост“ го чинела филмски улоги.

Нагласија и дека таа никогаш во текстот не го спомнала името на Деп, а како трета и најважна причина за поништувањето наведуваат дека еден од членовите на поротата не бил оној кој мислеле дека ќе биде.

Според TMZ, правниот тим тврди дека поротникот број 15 кој бил повикан на суд и поротникот број 15 кој се појавил не се истото лице.

На хартија, овој поротник е роден во 1945 година, но адвокатскиот тим на актерката вели дека лицето кое се појавило на суд е многу помладо.

Доколку се утврди дека судот не постапил со „соодветно внимание“ при проверката на поротата, тоа би можело да биде валидна причина за отфрлање на пресудата што ја донесе поротата, пишуваат странските медиуми.

Слични содржини