Триумфираше на Амриканските Музички Награди и го сруши рекордот на Мајкл Џексон

296 прегледи

Американската пејачка Тејлор Свифт повторно триумфираше на American Music Awards, освојувајќи шест награди. Пејачката има вкупно 29 награди, со што го надмина рекордот на Мајкл Џексон кој собрал 24 награди.

Свифт ја освои главната награда за уметничка на годината. Доби и награда за почесна уметничка на деценијата.

– Се што ми е важно се спомените кои со години ги имам со вас – изјавила Свифт пред публиката на свеченоста во Лос Анџелес откако изведе ремикс од своите хитови.

Се очекуваше дека Свифт ќе прозбори за расправијата со шефовите на дискографската куќе Big Machine Records, Скутер Браун и Скот Борчет, бидејќи и ги одзеле авторските права на нејзините први шест албуми кои ги снимила додека била под нивни договор. Поради тоа, на Тејлор и се закануваше забрана за изведување на сопствената музика, како и забрана за користење на истата во документарецот кој го издаде Нетфликс.

Меѓутоа, недоамна Big Machine Label Group и Dick Clark Production објавија дека постигнале спогодба за лиценцирањето со која се одобруваат настапите на нивните уметници за стриминг емисии и емитување на обострано одобрени платформи.

Но, вчера, пејачката не го спомна спорот иако настапот го отвори носејќи бела кошула на која беа испишани насловите на старите албуми.

-Оваа година за мене беше исполнета. Имаше доста добри работи, но и доста комплицирани – рекла Свифт која победи во конкуренција на Дрејк, Ариана Гранде, Хелси, Пост Малон. Таа доби награда за најдобар видеоспот, најдобар поп/рок албум, најдобра поп/рок пејачка…

Младата Били Ајлиш освои две статуетки за најдобар нов изведувач и најдобар алтернатвен рок изведувач откако нејзиниот сингл „Bad Guy“ се искачи на врвот на американските листи.

– Вие сте заслужни за ова што се случи – рекла Ајлиш заблагодарувајќи се на своите обожаватели. Таа ја покажа својата поддршка за еколошките организации носејќи маица со слоганот „No Music on a Dead Planet“ (Нема музика на мртва планета).

Селена Гомез ја отвори свеченоста со својот прв телевизиски настап во живо, откако во 2017 имаше транплантација на бубрег и по борбата со анксиозност и депресија.

Пејачката Лизо го изведе својот нов сингл „Jerome“, а Камила Кабејо и нејзиното момче Шон Мендез го отпеаја својот хит „Senorita“ кој ја освои наградата за соработка на годината.

Покрај нив, настапија и Цонас Брадрс, Кеша, Хелси, Кристина Агилера и Шаниа Твејн.

Слични содржини