180
Утрово дошло до тешка сообраќајна несреќа кај општина Богданци, информираат од МВР.
Во 04.00 часот било пријавено дека во село Стојаково, Општина Богданци, Б.П.(18) од Богданци, управувајќи патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(18) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.П.(22), и двајцата од Богданци, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија, стои во полицискиот билтен.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.