Тробојни путер-колачи за претстојните празници

од Elena Daskalova
430 прегледи

За божикните празници подгответе ги овие превкусни бисквитни колачи во три бои, кои изгледаат многу декоративно, а ќе ви бидат омилени и за другите делови од годината.

Потребни состојки:

250 гр омекнат путер
170 гр шеќер во прав
2 помали јајца
Екстракт од ванила
Прстофат сол
460 гр брашно
40 гр густин
20 гр какао
50 гр стопено млечно чоколадо

Подготовка:

Јајцата изматете ги во подлабок сад. Измешајте ги путерот и шеќерот во прав, со слаба брзина на миксерот. Одвојте една третина од смесата. Во смесата со поголема количина ставете ги ванилата и 1/3 од изматените јајца. Потоа поделете ја на два дела и во едниот ставете го какаото, а другото оставете го бело. Во првиот дел измешајте го стопеното чоколадо.

Измешајте ги брашното, густинот и солта. Ставете еднакви количини во трите смеси. Замесете тесто. Секое од трите теста завиткајте го во фолија и чувајте го цела ноќ во фрижидер.

На хартијата за печење ставајте едно покрај друго во круг по шест мали топчиња, редејќи ги боите наизменично. Потпритиснете ги малку и ставете да се печат во загреана рерна на 250 степени, околу 25 минути.

Изладените колачиња траат и по цела недела, без да го променат вкусот.

Слични содржини