Троен меѓународен успех: Делфино мобилити груп носи нова енергија на авто пазарот во Македонија!

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Ако сте приметиле дека нешто се менува на македонскиот авто-пазар, не ви се причинува. Веќе некое време, нешто модерно, поразлично, па дури и светски, се провлекува низ улиците. Тоа „нешто“ многу често е врзано со Делфино Мобилити Груп, компанијата која не само што продава и изнајмува возила, туку го носи целиот дух на модерната мобилност кај нас.

Под нивно крило се наоѓаат три имиња што стануваат сѐ поприсутни: Sixt, глобалниот бренд за рента-кар услуги кој веќе две децении овде нѐ спасува со модерни, нови возила за викенд бегство или деловно патување; Geely, кинески бренд што се повеќе асоцира на нешто елегантно, урбано и технолошки напредно како и Lynk&Co, уште еден кинески бренд кој е спој на стил, технологија и луксуз, а веќе не го гледаме само на странски ревии, туку како дел од нашето секојдневие, тука во Македонија. На сето ова се надоврзуваат и нивните салони кои изгледаат како сцена од футуристички филм, ама со љубезност на ниво на локален маалски сервис.

И кога велиме дека овие брендови креваат врева, не мислиме само локално. Овие месеци пристигнаа и сериозни признанија од светот – Sixt Македонија ја доби глобалната награда за 20 години извонредност, Geely освои престижно „Златно тркало“ за најдобар градски автомобил (и тоа како прв кинески бренд што го постигнал ова), а салонот на Geely тука кај нас е прогласен за најдобар Geely салон во светот. Да, светот.
Тоа не значи само дека имаме квалитетна македонска компанија туку дека Македонија има што да каже и покаже, дури и на мапата на глобалната автомобилска индустрија. И сето тоа без преголеми зборови и вештачки сјај туку со конкретни возила, реални искуства и стандарди што не заостануваат зад европските.

Делфино не се обидува да биде тренд, тие веќе се. А ако вака изгледа првата половина од 2025 година, искрено, нѐ интересира што подготвуваат за втората.

Слични содржини