Трогателна НБА-вечер: Тага, неверување и 24 секунди за Коби (видео)

од Nikola Popovski

Осум натпревари ноќва беа одиграни во НБА лигата, но факт е дека на никој не му беше до кошарка… Трагичната смрт на Коби Брајант, неговата загуба беше во прв план.

Плачеа сите, кошаркари, тренери, публика… И оддадоа последна почит на „Црната Мамба“, секој тим и секој играч на најдобриот начин на кој знаеја и умееја.

Сите натпревари започнаа со неискористен прв напад и на едната и на другата екипа, односно 24 секунди за почит кон Коби. „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк беше обоена во виолетово и златно, додека официјалниот спикер ги редеше успесите на Брајант во оваа арена.

РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Вашингтон   152:133

Мемфис – Феникс          114:109

Њу Орлеанс – Бостон   123:108

Њујорк – Бруклин          110:97

Орландо – Л.А. Клиперс             97:112

Портланд – Индијана   139:129

Денвер – Хјустон 117:110

Сан Антонио – Торонто 106:110

Слични содржини