Трогателниот гест на кралот Чарлс ги остави сите без зборови на велигденската богослужба

од Nikola Popovski
647 прегледи

Откако Бакингемската палата објави дека сите јавни ангажмани на кралот Чарлс ќе бидат одложени до понатамошно известување додека продолжува неговото лекување од рак, британскиот монарх речиси и не беше виден во јавноста. Сепак, тој не можел да ја пропушти велигденската богослужба, при што сите ги изненадил со трогателен гест.

Иако поради страв од потенцијална инфекција, која може да биде фатална по неговата сегашна состојба, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила седеле одвоено од другите во црквата Свети Џорџ во Виндзор, но по мисата се решил на потег на кој малкумина се надевале.

Имено, кралот поминал покрај оградениот простор каде стотина граѓани се собрале да го поздрават и да му дадат поддршка, при што ги поздравил и се ракувал со многумина од нив.

Со овој гест, кралот Чарлс покажал исклучителна хуманост и љубов кон својот народ, многу слична на кралицата Елизабета која, дури и во голема болка при крајот на својот живот, доаѓала да ги поздрави илјадниците собрани под Бакингемската палата на нејзиниот платинест јубилеј.

Се дознало дека токму Чарлс ја мотивирал да го направи тоа, кој сакал и во најтешките моменти да ѝ покаже на мајка си колку е сакана и дека со такви гестови може да им ја врати на Британците големата наклонетост која таа ја уживала. Сега и самиот покажал колку се грижи за средбите со граѓаните и покрај советите на лекарите да држи дистанца, дури и од членовите на семејството.

На богослужбата присуствувале помал број членови на кралското семејство. Биле поканети само војводата и војвотката од Единбург (Едвард и Софи), принцезата Ана со нејзиниот сопруг Тим Лоренс и принцот Ендру со сопругата Сара Фергусон.

Како што беше најавено, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со своите деца го поминаа Велигден далеку од очите на јавноста, за принцезата од Велс да го има толку потребниот мир, при лекувањето од рак.

Фото: London News Pictures/Shutterstoc / Shutterstock Editorial / Profimedia

Слични содржини