Трогателно видео: Џеј ја пее „Недела“ на погреб

од Nikola Popovski
620 прегледи

Пејачот Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст во неговиот стан во Дорчол, поради проблеми со срцет.  Човекот кој беше во можност да ја допре душата на секој што го слуша со својот глас, меѓу другото ќе остане запаметен по неговата песна „Недела“, која го придружуваше цел живот до неговата смрт. Како што судбината знае да си поигра со сите, така и Џеј почина токму во недела.

Ќе остане запаметена и неговата изведба на оваа песна на погребот на Никола Бојовиќ, братот на Лука Бојовиќ. Овој негов перформанс расплака многумина. Болката во неговиот глас во тој момент не остави никого рамнодушен.

Роден во Белград, во ромско семејство со потекло од Ресен, Рамадановски имаше музичка кариера од скоро 4 децении по првите настапи во 1980-те на просторот на бивша Југославија. Има издадено 15 албуми, а една од неговите најпопуларни песни е „Недела“.

Слични содржини