Тројца американски маринци загинаа при пад на воен авион во Австралија

од Vladimir Zorba

Тројца американски маринци загинаа кога воен авион „Osprey“ се урна на изолиран остров во северна Австралија, соопшти во неделата локалната полиција.

„Во авионот имало вкупно 23 лица. Тројца починаа, а пет се пренесени во Royal Darwin болницата во тешка состојба“, изјави Мајкл Марфи, началник на полицијата на Северната Територија, федерална територија на Австралија.

Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерот се урнал за време на воена вежба. Службите за итни случаи на таа австралиска сојузна држава пријавија „воздушна несреќа“ на островот Мелвил, на околу 60 километри северно од австралискиот континент.

Хеликоптерот учествуваше во заедничката воена вежба на САД и Австралија „Predators Run“. Во последните неколку години, САД го зголемија своето присуство на северот на Австралија. Двајцата сојузници се обидуваат да се спротивстават на зголеменото влијание на Кина во азиско-пацифичкиот регион.

Австралиските одбранбени сили (ADF) соопштија дека на „Osprey“ немало австралиски персонал.

V-22 Osprey е повеќенаменски воен авион дизајниран да извршува мисии како хеликоптер со долг дострел. Беше класифициран како авион што може да полета вертикално како хеликоптер, но се однесува како авион при хоризонтален лет.

Слични содржини