Потврден е првиот случај на Косово со вирусот „Нилска треска“. Ова го потврди директорот на Инфективната клиника Арбен Вишај, кој не даде многу детали за овој случај.
„Имаме случај, но тоа не е нешто загрижувачко. Тоа е случај што го потврдивме со вирусот ВНП“, изјави Вишај за lajmi.net.
Овој вирус по 13 години се врати во Албанија и досега бројот на починати достигна три лица, а заболени се 17.
Министерката за здравство, Албана Кочиу, реагираше за алармантната ситуацијата создадена во Албанија поради ширењето на вирусот.
„Останете смирени, но бидете внимателни. Подигнете ја свеста и спроведете заштитни мерки.
Инфекцијата со вирусот западнонилска треска главно се пренесува со каснување од заразени комарци. 80% од заразените луѓе не покажуваат симптоми, додека 20% чувствуваат треска и болка.
Само 1% развиваат тешки форми. МСХМС заедно со ЈЗУ и здравствениот оператор презеде мерки со спроведување на процесот на дезинсекција и врши периодичен ентомолошки мониторинг низ целата држава. Заштитете се себеси и вашето семејство“, истакна Кочиу.