Како што соопшти СВР Охрид, во вчерашната сообраќајка што се случила во 17.10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија; товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско; патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје; и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено“, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.