Масовен инцидент се случил вчера во скопското село Трубарево, соопшти полицијата.
Имено, откако стигнал повик во полиција дека во селото А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, била испратена екипа.
Кога стигнале полицајците, на напаѓачите им се придружиле уште неколку лица, и сите заедно агресивно се однесувале кон униформираните лица.
Поради тоа, приведени се Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Скопје.