Три лица загинаа, а 30 се повредени во руски напад врз градот Днепар ноќта меѓу средата и четвртокот, објави Државната служба за вонредни состојби на Фејсбук.
„Причинета е штета на куќи, студентски дом, училишна зграда, бизнис со храна, како и автомобили“, се вели во соопштението.
Како што е наведено, во градот избувнале неколку пожари поради напади со дронови, кои во меѓувреме се изгаснати.
„Во санирањето на последиците од нападот учествуваа 173 спасувачи и 37 единици опрема од Државната служба за вонредни состојби“, се додава во соопштението.
Шефот на Регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергеј Лисак, објави дека во рускиот напад се повредени 30 лица.
„Масовниот напад со дрон доведе до трагични последици. Три лица загинаа во Днипро, меѓу кои и едно дете. 30 лица се повредени, меѓу кои пет деца. 16 пациенти се под надзор на лекарите во медицинските установи, а еден е во тешка состојба“, рече тој.
Според него, во градот биле оштетени десетина станбени згради и исто толку приватни куќи, пренесува Танјуг.