Тројца загинати во престрелка во бајкерски бар во Калифорнија

од Radmila Tasevska
282 прегледи

Најмалку три лица загинаа, а шестмина се повредени во популарен бајкерски бар во Калифорнија, јавија локалните власти.

Во САД годинава се случија повеќе од 460 масовни стрелби.

Се дознава дека напаѓачот во барот во округот Оранџ е пензиониран припадник на безбедносните служби, и дека бил убиен на лице место, во престрелка која започнала доцна синоќа по западноамериканско време.

Местото се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од Лос Анџелес, и е едно од многуте обични локации во САД годинава каде се случија најмалку 465 масовни стрелби со десетици мртви.

Напаѓачот бил убиен во престрелка со полицијата на местото на настанот, по итен повик за помош.

Се дознава дека караницата произлегла од домашен спор меѓу две групи, јавија од полицијата, пренесе Си-ен-ен.

Слични содржини