Тројца астронаути полетаа кон кинеската вселенска станица Тиангонг

од Stefanija Kuzmanovska

Кина испрати тројца астронаути кон својата вселенска станица во изградба, каде што ќе поминат шест месеци и ќе бидат задолжени за нејзиното натамошно проширување, покажуваат снимките од CCTV.

Тие полетаа со леталото Шенжу-14 носено од ракетата Long March 2F, која полета во 10.44 часот по локално време (4.44 часот по средноевропско време) од центарот за лансирање Џиукван, во пустината Гоби на северозапад од земјата.

Во текот на шест месеци на станицата Тиангонг, тројцата астронаути ќе ја надгледуваат надградбата на уште два лабораториски модула во делот за престој, лансиран во април 2021 година.

Слични содржини