Тројца криминалци засега минале со лажни пасоши на скопскиот Аеродром и Деве Баир

378 прегледи

Според податоците до кои дојде Телма, на крајот на  јануари 2020-та го добил пасошот на име Ѓерѓи Каце, а педесет дена подоцна преку Деве Баир излегол од државата со истиот тој оригинален македонски пасош, но со украдени лични податоци од македонски државјанин од Пустец, па во мај учествувал во атентат на српско-црногорски криминалец од ривалскиот клан во Украина. Ова патешествие на Црногорецот Стефан Ѓукиќ заврши со апсење уште пред 11 месеци, а истрагата Двојник ја тера втората недела под двојно име, покрај регуларното опозицијата го нарекува случајот Мафија.

На македонско-бугарскиот премин, според документ во кој имаше увид Телма, стои дека Каце, алиас Ѓукиќ на 10-ти март 2020-та поминал преку Деве Баир со албанец од Македонија, возач од Албанија ама со бугарски пасош и бугарска кола и со уште сопатничка од Албанија. Меѓународното друштво ја минало границата и оставило трага во системот. Според информации на Телма уште двајца со меѓународни потерници ама и со новонабавен македонски идентитет поминувале низ македонските гранични премини. Јован Вукотиќ и јорданскиот бразилец Иса на трипати ја минале пасошката контрола на скопскиот аеродром со нови пасоши. И по двајцат аимало распишано меѓународна потерница кога ги минувале границите.

Голем дел од македонските пасоши, 215 на број, а издадени во нелегална процедура воопѓшто не биле активирани и не биле земени од носителите во пасошкото одделение. Така се воделе официјално, но потоа е утврдено дека пасошите се земени од некој од учесниците во криминалната зделка.

Слични содржини