Американската гарда потврди дека тројца кубански државјани за кои се верува дека биле заглавени на ненаселен остров на Бахамите 33 дена, се спасени, пренесува BBC.
Воздушниот екипаж на крајбрежната стража, кој бил во редовна патрола во понеделникот, забележал група луѓе во паника како мавтаат со импровизирано знаме на сртот Ангилја, меѓу архипелазите на Флорида Киз и Куба.
Екипажот не бил опремен за итно спасување, но тие им фрлиле храна, вода и радио за да можат да комуницираат.
„За жал, немавме луѓе кои зборуваат течно шпански јазик, но со моето слабо познавање на шпански јазик, успеав да разберам дека тие се по потекло од Куба и им треба медицинска помош“, изјави за Би-Би-Си поручникот Рајли Бичер.
Луѓето од групата, која се состоела од двајца мажи и една жена, им соопштиле на офицерите на крајбрежната стража дека пливале на островот откако нивниот брод потонал и дека поминале 33 дена таму и дека успеале да се прехранат со кокос.
Три лица конечно беа пренесени со хеликоптер од островот во медицинскиот центар во Флорида во вторникот, иако немаа сериозни повреди, а потоа и во американската управа за имиграција и царина, според Би-Би-Си.