Тропската бура Ермин усмрти две лица во САД

од Vladimir Zorba
67 прегледи
160903152654-07-hurricane-hermine-0903-exlarge-169
Tропската бура Ермин предизвика смрт на две лица, минувајќи над југоисточните американски држави од Флорида до Вирџинија.
Ермин над копното ја загуби својата ураганска сила.
Стихијата, меѓутоа, повторно собра моќност додека се движеше на север, крај американското атлантско крајбрежје, заканувајќи се со поројни дождови и силни ветрови.
Силниот ветар од Ермин во Северна Каролина преврте камион, а возачот загина.
Четири лица се поврдени кога мало торнадо, предизвикано од Ермин, преврте две трајлера.
Дрво што паднало од силниот ветар во Флорида усмрти бездомник.
Бурата предизвика штети на многу згради и без струја остави илјадници луѓе.
Според последните податоци, Ермин се наоѓа крај Северна Каролина, движејќи со брзина од 24 километри на час во правец исток-североисток.