Троцифрен раст на бројот на заразени во Србија

од Берта Китинска
307 прегледи

Според официјалните податоци, во последните 24 часа пет лица починале како резултат на коронавирусот во Србија, така што вкупниот број на жртви е 7.103, објави Министерството за здравство.

Од последниот пресек во Србија, 8.596 лица биле тестирани за коронавирус, од кои 249 биле позитивни.

Постојат девет пациенти на респиратори.Вкупно 327 лица биле хоспитализирани.Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 719.913 случаи на инфекција.Стапката на смртност е 0,99 проценти.

Слични содржини