Тројца уапсени, меѓу кои и грчки државјанин за потонувањето на сплавот „Фристајлер“

од Nikola Popovski
174 прегледи

Три лица се уапсени, меѓу кои и еден грчки државјанин, поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ, откако објектот почнал да тоне, известуваат српските медиуми.

Како што е пренесено, уапсени се управителот, директорот и сопственикот на сплавот. Тие се товарат за сторено „тешко кривично дело против општата безбедност“.

Во акцијата учествувале српската полицијата и Третото основно обвинителство во Белград.

Само неколку минути по полноќ на 1-ви јануари, белградскиот сплав „Фристајлер“ почна да тоне. Настанала општа паника и метеж, а гостите и екипажот на сплавот успеале да побегнат.

„Фристајлер“ бил регистриран за 220 луѓе, а на новогодишната ноќ, според неофицијални информации, имало дури 500 лица.

Фото: FoNet/Marko Dragoslavić

Слични содржини