Трпеноски за 1ТВ: Ќе ги „чешламе“ сметките на кандидатите и партиите

од desk4
78 прегледи

Гостин во Дневникот на 1ТВ беше Горан Трпеноски од ДКСК, а телефонски разговор беше остварен и со народниот правобранител, Иџет Мемети

Какви се очекувањата на јавноста за новата Антикорупциска?

„Очекувањата на јавноста се преголеми. За почеток не е лошо. Како тим полека се екипираме, бидејќи година дена немаше Антикорупциска. Имаме проблем со просторот. Доволно предмети отворивме. Не правиме селекција на крупна или ситна корупција, иако има замерки. Предноста наша е што ние сме еден од условите за датум за преговори“, рече Трпеноски, кој потоа се осврна за новиот извештај од Стејт Департментот.

„Овие судии беа многу експонирани и влегоа во извештајот на Стејт Департментот. Тие се по различни основи влезени во извештајот. Ние ќе ја проверуваме само имотната состојба. Имаме план и програма за работа, мора да донесеме акциона програма за сите испитувања. Нема да има селективност. Комисијата е отворена. Може секој да дојде и да праша“.

Трепноски исто така кажа до каде се со случаите за непотизам, но и подготовките за претседателските избори

„Се работат тие случаи, имаме побарано дополнителни информации. Наредната недела за поголемиот дел од нив ќе има комплетирање на документацијата. Ќе се утврди дали имало влијание, ако не било предвидено работно место според годишна програма. Кога ќе се земат сите работи во предвид, се утврдува влијанието. Следно се претседателските избори, ќе ги чешламе сметките на кандидатите и партиите. И за кампањата и за финансирањето“. /Либертас